Најмалку 21 лице загина кога еден автобус се преврте по судир со камион цистерна во централен Иран, соопштија иранските медиуми.
Несреќата се случила на патот меѓу градовите Кашан и Натанц, околу 250 километри југоисточно од Техеран, пренесе АП. Иранската телевизија јави дека 20 лица се повредени во несреќата и се префрлени во локалните болници, вклучително и две жени и две деца.
Годишно во Иран, околу 17.000 луѓе гинат во сообраќајки, поради што Иран има еден од најлошите биланси во безбедноста во сообраќајот во светот, наведува АП.