среда, декември 4, 2024
домаКујнаИрански филмови во Кинотека од 22 до 27 јануари

Ирански филмови во Кинотека од 22 до 27 јануари

Во Кинотеката на Македонија од 22 до 27 јануари ќе се одржи филмскиот циклус посветен на современиот Ирански филм. Иранската кинематографија е една од најистакнатите светски кинематографии. Иранските филмови се препознатливи по својот реализам, непретенциозност и едноставност во изразот. Но, преку тие навидум мали приказни се рефлeктира не само иранското општество туку и некои универзални човекови дилеми. Такви се и филмовите од оваа селекција. Тоа се филмски наслови од поновата иранска продукција, од признати ирански режисери, директори на фотографија и познати актерски имиња кои имаат значајно место во светската кинематографија и имаат освоено голем број фестивалски награди.

Во рамки на Деновите на иранската кинематографија ќе бидат прикажани филмовите СЛАТКИОТ ВКУС НА ИМАГИНАЦИЈАТА во режија на Камал Табризи (22 јануари), ЕДНАШ, ЉУБОВ И ПРЕДАВСТВО во режија на Давуд Бидел (23 јануари) БАЗЕН ЗА СЛИКАЊЕ на Мазиар Мири (24 јануари),СОСЕМА САМ во режија на Ехсан Абдипур(25 јануари), КОЦКА ШЕЌЕР во режија на Реза Миикарими (26 јануари) и ТОЛКУ БЛИСКУ, А ТОЛКУ ДАЛЕКУ во режија на Реза Миркарими (27 јануари).

Програмата се реализира со помош на Амбасадата на Исламска Република Иран во Скопјево чија селекција се и филмовите. Влезот за проекциите е бесплатен.

22 јануари (понеделник) 20:00 ч.

СЛАТКИОТ ВКУС НА ИМАГИНАЦИЈАТА

(Tame Shirin Khial/ Sweet Taste of Imagination)

Игран филм, Иран

2014 г., 94 мин., колор, ДВД
Режија: Камал Табризи (Kamal Tabrizi)

Сценарио: Нагмех Самини (Naghmeh Samini)

Улоги: Шахаб Хусеини, Назанин Бајати, Надер Фала (Shahab Hosseini, Nazanin Bayati, Nader Fallah)

Гарус, универзитетскиот професор со голема имагинација и фантазија, ќе се заљуби во својата студентка. Но проблемите ќе се појават кога еден бизнис противник ќе го натера Гарус да се однесува неетички.

23 јануари (вторник) 20:00 ч.

ЕДНАШ, ЉУБОВ И ПРЕДАВСТВО

(Rouzegari Eshgh va Khianat/ Once, Love And Betrayal)

Игран филм, Иран

2014 г., 90 мин., колор, ДВД
Режија: Давуд Бидел (Davoud Bidel)

Сценарио: Давуд Бидел (Davoud Bidel)

Улоги: Милад Кејмарам, Хомајун Ершади, Насрин Моѓанлу, Сахар Горејши, Хасан Јохарчи, Јамшид Хашемпур (Milad Keymaram, Homayoun Ershadi , Nasrin Moghanlou, Sahar Ghoreyshi, Hassan Joharchi, Jamshid Hashempour)

Една сосема неочекуваната несреќа ќе доживеат Праване и нејзината ќерка Ајен. Но оваа несреќа очигледно има свои корени во минатото на Праване, со кое таа веќе со години не сака да се соочи.

24 јануари (среда) 20:00 ч.

БАЗЕН ЗА СЛИКАЊЕ

(Howze Naghashi/ The Painting Pool)

Игран филм, Иран

2013 г., 90 мин., колор, ДВД
Режија: Мазиар Мири (Maziar Miri)

Сценарио: Хамед Мохамади (Hamed Mohammadi)

Улоги: Шахаб Хусеини, Негар Џавахеријан, Елхам Корда (Shahab Hosseini, Negar Javaherian, Elham Korda)

Марјам и Реза многу се разликуваат од другите луѓе но, сепак тие мора да се обидат да им докажат на другите дека ја надминале оваа големата разлика со чудото на љубовта…

25 јануари (четврток) 20:00 ч.

СОСЕМА САМ

(All Alone/ Tanhaye Tanhaye Tanha)

Игран филм, Иран

2013 г., 92 мин., колор, ДВД

Режија и сценарио: Ехсан Абдипур (Ehsan Abdipour)

Улоги: Мејсам Фархуманд, Армен Хованисијан, Ана Паносијан (Meysam Farhoomand, Armen Hovannisian, Anna Panosian)

Рангеру е тинејџер што живее во Персискиот Залив со неговото семејство. И покрај тоа што оди на училиште, тој му помага на своето семејство и продава риба во рускиот кампус каде живеат инженерите што работат во нуклеарната централа на островот. Еден ден тој ќе се сријатели со едно руско момче и дознава дека сите странци треба да заминат од Иран, поради некои политички убедувања

26 јануари (петок) 20:00 ч.

КОЦКА ШЕЌЕР

(A Cube of Sugar/ Ye habe ghand)

Игран филм, Иран

2011 г., 116 мин., колор, ДВД

Режија: Реза Миикарими (Reza Mirkarimi)

Сценарио: Мохамад Реза Гохари, Реза Миркарими (Mohammad Reza Gohari, Reza Mirkarimi)

Улоги: Реза Кијанијан, Негар Јавахеријан, Фархад Аслани (Reza Kianian, Negar Javaherian, Farhad Aslani)

Дејството се одвива во стара куќа во еден стар град во Иран. Поради свадбата на најмладата сестра Пасандиде, сите нејзини постари сестри ќе се вратат во нивната старата куќа за да ? помогнат на нивната мајка.

27 јануари (сабота) 20:00 ч.

ТОЛКУ БЛИСКУ, А ТОЛКУ ДАЛЕКУ

(So Close, So Far/Kheli dour, kheili nazdik)

Игран филм, Иран

2005 г., 121 мин., колор, ДВД

Режија: Реза Миркарими (Reza Mirkarimi)

Сценарио: Мохамад Реза Гохари, Реза Миркарими (Mohammad Reza Gohari, Reza Mirkarimi)

Улоги: Афшин Хашеми, Елхам Хамиди, Ашкан Ќатиби (Afshin Hashemi, Elham Hamidi, Ashkan Khatibi)

Д-р Алам, профилиран специјалист по неврологија и успешен хирург, целосно е посветен на неговата професионална и опшстествена работа, што сосема го заборава својот син Саман.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ