понеделник, декември 30, 2024
домаНасловнаИсчезна градоначалникот на Сеул, остави проштално писмо, полицијата го пребарува градот

Исчезна градоначалникот на Сеул, остави проштално писмо, полицијата го пребарува градот

Градоначалникот на Сеул Парк Вон-сун исчезнал, а потрагата по него е во тек, соопшти денеска јужнокорејската полиција, а медиумите пренесуваат дека тој, наводно, оставил проштално писмо. Според полицијата, потрагата се одвива во областа Сунгбук, каде последен пат е откриен сигналот на неговиот мобилен телефон.

Неговата ќерка се јавила во полиција порано денес и рекла дека нејзиниот татко исчезнал, изјавил извор од полицијата, кој сакал да остане анонимен.

Ким Jи-хјеонг, службеник од градската власт во Сеул, потврдил дека градоначалникот не се појавил на работа денес без да даде причина и дека ги откажал сите планирани настани.

Парк, долгогодишен активист и адвокат за човекови права, беше избран за градоначалник на Сеул во 2011 година, а неговиот последен, трет мандат го доби во јуни. Тој е член на владејачката Либерално демократска партија и важеше за можен кандидат на претседателските избори во 2022 година. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ