недела, декември 22, 2024
домаЖивотЗдравјеИсхраната со низок удел на маснотии е корисна за мозокот

Исхраната со низок удел на маснотии е корисна за мозокот

Нови истражувања покажуваат дека исхраната која има ниско ниво на масти ги чува клетките на мозокот и има подобри ефекти врз здравјето од вежбањето. Исхрана со 40 отсто помалку калории од препорачаниот дневен внес на калории го намалува воспалението во мозочните клетки и го одржува мозочното ткиво. До овие наоди е дојдено со тестирање кај глувците.

Истражувањето го спровел Универзитетскиот медицински центар Гронинген во Холандија, а резултатите се објавени во списанието „Frontiers in Molecular Neuroscience“. Според  пишувањето на „Индипендент“, фокусот на истражувањето беше на клетките микроглија, кои му овозможуваат на мозокот да функционира правилно. Д-р Барт Еген, кој бил главен истражувач, рекол: „Дебелината и стареењето се присутни и се зголемуваат во општествата во целиот свет, но последиците за централниот нервен систем не се целосно разјаснети. Ние истражувавме дали исхрана со висок или со низок удел на маснотии во комбинација со ограничување на физичката активност и исхраната има ефект врз клетките микроглија за време на стареењето на глувците“.

Инфекциите во мозочните клетки се поврзани со болести како што се мултиплекс склероза, Расмусен енцефалитис и деменција. Ова откритие би можело да биде многу важно за луѓето погодени од овие болести. Сепак, сé уште не е познато дали преминување на диета ќе му помогне на некој кој претходно конзумирал масна храна.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ