четврток, април 25, 2024
домаИстанбул: Експлозија на инсталации, евакуација на три згради

Истанбул: Експлозија на инсталации, евакуација на три згради

Во квартот Бејоглу во Истанбул утрово се случи експлозија во шахта со подземни инсталации, по што беа евакуирани три станбени згради.

Извештајот на истанбулскиот весник „Сабах“ потврди дека зградите биле евакуирани превентивно утринава, откако синоќа најпрвин избил чад, а потоа околу 08.30 часот утринава се слушнала силна детонација, која го фрлила капакот на уличната шахта во воздух.

Поради експлозијата и големо количество чад станарите од зградите ги напуштиле становите, а според пријавата на местото се испратени полициски екипи и дежурната екипа на противпожарната единица.

При истрагата било констатирано дека подземните кабли се запалиле, поради што теренската екипа на електродистрибутивната компанија го прекинала снабдувањето со електрична енергија во тој дел на Истанбул.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ