вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотЗдравјеИстражување во Вухан: Високо ниво на шеќер во крвта двоен ризик од...

Истражување во Вухан: Високо ниво на шеќер во крвта двоен ризик од смрт за заболени од Ковид-19

Пациенти со ковид-19 со високи нивоа на шеќер во крвта имаат двојно поголема веројатност да умрат, дури и ако не се дијабетичари, се вели во студијата спроведена во Вухан.

Претходните студии покажаа дека постои врска помеѓу енонрмно високи нивоа на шеќер во крвта и зголемен ризик од смрт од пневмонија, мозочен удар, срцев удар, траума и операција.

Сепак, сега е потврдено дека постои поврзаност помеѓу дијабетес и зголемен ризик од смрт кај пациенти со ковид-19, соопшти тим од научници од Универзитетот за наука и технологија на Хуангјонг во Вухан. Покрај тоа, дури и во случаи на ковид-19 кај кои не се дијагностицира дијабетес, високиот шеќер во крвта го зголемува ризикот од смрт.

Поради сето ова, научниците препорачуваат болниците да го мерат нивото на шеќер во крвта на пациентите кои ги примаат заради симптомите на корона вирусот.

Студијата, во која беа вклучени 605 пациенти, меѓу кои и 114 кои починаа во две болници во Вухан, покажува дека 34 проценти од нив страдале од други болести, најчесто од висок крвен притисок, но не биле дијабетичари.

Скоро третина имале толку високи нивоа на шеќер во крвта што, доколку тој бил постојано толку голем, сигурно ќе се дијагностицирал дијабетес тип 2.

Резултатите покажале дека пациентите со највисок шеќер во крвта биле со 2,3 пати поголем ризик од смрт од оние со најнизок. Оние од средната група се изложени на 71 процент поголем ризик од смрт од оние во најниската група.

Конечно, студијата покажа дека мажите кои биле примени во болницата со зголемено ниво на шеќер во крвта, имаат 75 проценти поголем ризик од смрт од жените со приближно исто ниво.

Затоа, високиот степен на шеќер во крвта може да биде показател за зголемен ризик од смрт поради коронавирус.

Авторите на студијата веруваат дека механизмите зад зголемениот ризик може да вклучуваат промени во формирањето на згрутчување на крвта, но и функцијата на ѕидовите на крвните садови.

Друга можност е прекумерно производство на воспалителни цитокини (мали протеини важни за пренесување на клеточни информации), кои ги создава имунолошкиот систем – т.н. цитокинска бура. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ