среда, декември 25, 2024
домаИВАП бара итни мерки за преживување 

ИВАП бара итни мерки за преживување 

Асоцијација на Ивент индустрија ИВАП денес повторно упати јавно барање, кое ви го пренесуваме во целост:
“Точно 11 месеци компаниите кои се занимаваат со организација на настани се соочени со невиден предизвик, каков што не познава модерната меморија. 11 месеци без можност за работа и за остварување на приходи. Дополнително, се уште не се знае кога секторот би започнал со работа. За жал, индустријата за организација на настани не е доволно препознаен од страна на Владата, т.е. не се третира соодветно на состојбата во која се наоѓа.
Нашите бизниси се пред колапс. Мерките кои ги понуди Владата во претходните пакети за помош се недоволни и несоодветни за нашиот сектор бидејќи намалувањето на прометот кај нас е и до100%“.
Уште на почетокот на кризата предупредувавме дека сме првите што сме затворени и дека ќе бидеме последни што ќе можат да работат. За жал, нашето предвидување се оствари а во земјава навистина нема можност за организирање на било каков настан на отворен или затворен простор.
Ова секако не нé погодува само нас организаторите, тука се уште многу други дејности кои трпат значителни штети заради ситуацијата. Нашата индустрија е комплексна, составена од повеќе компатибилни дејности кои се поврзани и зависни едни од други.
Пандемијата ни покажа дека не сме разбрани како индустрија, ниту пак сме доволно видливи за државата. Остваривме средба со господинот Битиќи на која му ја презентиравме комплексноста на нашиот сектор и секако состојбата во која се наоѓаме. Задоволни сме од приемот но сега тоа треба да се претвори и во реална реакција.
Доколку Владата итно не насочи помош кон нашата индустрија и доколку јасно не ја вброи нашата индустрија во една од најзагрозените, навистина ќе сметаме дека сме заборавени од сопствената држава.
Иако нашата работа подразбира гласност и многу врева, одлучивме во оваа криза да делуваме одговорно и тивко, со намера да покажеме дека сме конструктивен партнер во борбата против пандемијата. Но тоа не значи дека треба да бидеме заборавени или игнорирани.
Затоа, бараме итно и веднаш да бидеме издвоени како една од најзагрозените дејности од пандемијата, а во претстојниот пакет мерки за помош да бидеме вклучени соодветно на состојбата во која се наоѓаме. ” В.Ѓ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ