понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотЗдравјеИвермектинот стаса, но може да се земе само со рецепт по цена...

Ивермектинот стаса, но може да се земе само со рецепт по цена од 299 денари

По неколкукратно одлагање конечно лекот Ивермектин стаса во Македонија. И министерот за здравство доц. Венко Филипче на неговата официјална фејсбук страна информира дека лекот Ивермектин од денеска е достапен за граѓаните во аптеките.
Тој напиша: „Лекот ERMETIN (ivermectin) таблета 3 mgx10 во пакување, на производителот World Medicine Ilac San.Ve.Tic. од Турција во аптеките по одобрена малопродажна цена изнесува 299 денари.“
Она што е важно е дека лекот може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или лекар специјалист. Истиот може да се употребува во домашно и болничко лекување, и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку лице било во контакт со ковид позитивен.
„Повеќе клинички студии кои ја евалуираат ефикасноста на ивермектин кај пациенти со COVID-19 се во тек и/или нивните крајни резултати се уште не се публикувани во научни списанија, но прелиминарните резултати сугерираат дека ивермектин има поволен ефект во профилакса на COVID-19 кај експонирани лица, како и во терапија на пациенти со лесна, средно-тешка и тешка клиничка слика.“ – велу Филипче.
Ал.Н.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ