недела, септември 8, 2024
домаКујнаИзгаснат пожарот во близина на Чернобил

Изгаснат пожарот во близина на Чернобил

Големиот пожар кој се ширеше во шумите околу неактивната нуклеарна централа во Чернобил е изгаснат, а огнот го гасеа стотици пожарникари кои користеа авиони и хеликоптери, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на украинските власти.

Активистите за животна средина предупредуваа претходниот ден дека пожарот во близина на местото на најтешката нуклеарна катастрофа во светот од 1986 година, претставува ризик од радијација.

Организаторот на екскурзии во Чернобил Јарослав Јемелијаненко ја опиша ситуацијата на Фејсбук како „критична“, изјавувајќи дека пожарот го зафатил напуштениот град Припијат, „каде се наоѓа најактивниот радиоактивен отпад од целата зона на Чернобил“.

Украинските власти соопштија денес дека и покрај краткорочното нагло зголемување на регистрираните честички од цезиум-137 во околината на Киев, на околу 130 километри јужно од електраната, нивото на зрачење останало во нормални граници, така што не се потребни дополнителни заштитни мерки.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека нема „отворен оган“, но дека уште слабоо тлее жар на шумското тло.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделникот вети дека на јавноста нема да и бидат ускратени информации за пожарот и денеска најави средба со лидерите на службите за итни случаи.

Полицијата соопшти дека 27-годишен жител на областа е идентификуван како осомничен за предизвикување на пожарот, но нема дополнителни информации за околностите, пренесува Ројтерс. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ