сабота, декември 21, 2024
домаЖивотСоцијална политикаИзготвен извештајот „Услуги за лицата со попреченост на локално ниво – од...

Изготвен извештајот „Услуги за лицата со попреченост на локално ниво – од закон до реалност“

Извештајот „Услуги за лицата со попреченост на локално ниво – од закон до реалност“ кој ги опфаќа услугите од областите – социјална заштита, здравство и образование, што ги добиваат семејствата на лица со попреченост во три македонски општини, ќе биде промовиран во вторник, 20 февруари во 13 часот во просториите на општина Охрид. Истражувањето што резултираше со овој извештај, беше спроведено во општинитe– Охрид, Боговиње и Берово од страна на „Здружението за поддршка на деца и млади со различности СИНАТА ПТИЦА- Скопје“, и е дел од проектот „Застапуваме, зајакнуваме, се поврзуваме“, поддржан од „Швајцарската агенција за развој и соработка“ преку програмата „Цивика мобилитас“.

Овој извештај е обид да се фрли светло врз специфичните услови во кои живеат и проблемите со кои се соочуваат семејствата на лицата со попреченост од овие триопштини, различни според демографска структура, географските и културолошки специфики како и етничкаструктура. Одбрана е една рурална, наспроти две урбани општини, а истражувачите се труделе и да ги следат потребите на семејствата за поддршка и соработка. Преку директните сведоштва на родителите од фокус групите во трите општини, е даден поинаков печат на ова истражување кое не е само сувопарна сондажа на приликите. Извештајот ги резимира состојбите во клучните сектори, важни за животот на овие лица, како и поблизок увид во нивниот живот низ призмата на нивните лични приказни.

Извештајот „Услуги за лицата со попреченост на локално ниво – од закон до реалност“ кој е достапен на македонски и на албански јазик, ќе биде презентиран и во Боговиње и Берово – на 27 февруари и 1 март. Резимето на извештајот и интегралниот извештај од истражувањето може да се погледнат на sinataptica.org.mk.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ