Филхармонија го најави првиот број на мини магазин кој ќе излегува еднаш во три месеци. Преку овој магазин, публиката ќе може да се информира за настаните кои се составен дел од новата концертна сезона „Моја бесмртна љубов“.
Магазинот ја надополнува концертната промоција на програмата на Филхармонија преку кратки интервјуа со уметниците кои ќе настапат оркестарот, како и информации за композиторите и делата кои ќе бидат изведени.
Во првиот број се поместени интервјуа со диригентот Антони Вит, виолончелистот Николас Алштед, контрабасистот Рено Гарсија Фонс и виолинистот Вадим Глузман.
Магазинот визуелно се инспирира од комплетно новиот дизајн на сите печатени материјали на Филхармонија – каталог, постери, програма за концерти кои се идејно решение на дизајнерот Горан Златевски.
Бесплатни примероци од магазинот ќе има во Филхармонијата, но и по градските кафулиња, ресторани, туристички агенции, хотели…