Друштвото на ликовни уметници на Македонија во рамките на програмата на Скопско културно лето и во соработка со Културно Информативниот Центар КИЦ од Скопје ја организираат изложбата „Фемина 8-4“ која што ќе се одржи в среда, 27 јуни во Салонот Империјал I во Културно Информативниот Центар КИЦ во Скопје во 20:30 часот.
„Фемина 8-4“ претставува омаж на творештвото на македонската сликарка Ана Темкова која е препознатлива по својот интимистички сликарски израз со детали на архитектонски примери од македонски куќи, портрети, ликовни записи пропратени со мртва природа, цвеќе, огледала, ентериери и сл. „Фемина 8-4“ создаде нови дела како реинтерпретација на едно дело на Ана Темкова со наслов „Ентериери и огледало“ насликано во техниката масло на платно, изработено во далечната 1979 год. Објективизација и реинтерпретација на едно ликовно дело е пристап кој се применува во сите временски декади. Многу ликовми уметници од историјата на уметноста во своето творештво се инспирирале од дела на други ликовни уметници. Тоа е еден концепт кој „возобновува“ многу интересен сликарски систем создавајќи сосема нов и современ ликовен потпис.
На изложбата учествуваат:
Ана Темкова / гостин
Јана Манева Чупоска (Куратор)
Жанета Гелевска Велјановска
Симонида Филиповска Китановска
Касиопеја Наумовска
Жаклина Глигориевска Кочоска
Емилија Божиновска
Шќипе Мехмети
Дита Старова Ќерими
Ана Ивановска
Јана Јакимовска
Маша Гала (Словенија)
Андреа Ержен (Словенија)
Маруша Стибел (Словенија)
Гајатри Хорват (Хрватска)
За сите љубители на уметноста изложбата ќе биде отворена до 10 јули.