четврток, декември 26, 2024
домаКујнаИзложба „ПРИЧИНА“ на Филип Фидановски во МКЦ

Изложба „ПРИЧИНА“ на Филип Фидановски во МКЦ

Најновата изложба на Филип Фидановски со наслов „ПРИЧИНА“ ќе биде отворена овој понеделник во 20 часот во Галерија МКЦ. Делата за оваа изложба се направени во 2017 година и дел во 2018, изработени во повеќе различни техники, дигителен принт, фотографија, керамика, принт на платно…

„Најновата изложба на Фидановски не е изложба што досега сме навикнале да ја гледаме. Станува збор за нов израз на авторот, овиј пат ангажирана уметност. Политиката и политичарите асоцијативно , а некои и експлицитно ставени во контекст на едно гледање на моменталните општествени прилики и неприлики во Македонија. За политичарите минати, сегашни и идни, за аномалиите во културата и општеството. За лажните вредности кои ни се наметнуваат од проектот Скопје 2014. За слободата која ја нема повеќе. По малку сатирична и повеќе реална изразност на авторот во своите дела. Но многу трагична бидејќи е исто така многу вистинита реалноста симболички прикажана во делата на Фидановски“, се вели во најавата од МКЦ.

На изложбата ќе бидат прикажани 13 дела  со различна димензија, дел се триптих, полиптих и комбинирани инсталации.

Филип Фидановски е роден во Скопје 1977 година, Р.Македонија. Дипломира во 2002 година на одделот за керамика и магистрира во 2006 година на Националната уметничка академија во Софија , Р.Бугарија. Во периодот од 2003 -2008 година работи како доцент на Факултетот за ликовни уметности при универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, Р.Македонија.

Од 2008 година е професор во Државното средно училиште за ликовни уметности и дизајн „Лазар Личеноски“ во Скопје, Р. Македонија. Од 1995-2015 година учествува на 43 групни изложби во Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Белгија, Египет. Учествува на голем број на уметнички симпозиуми во Македонија и странство.

Добитник е на следниве награди: 2000 – Трета награда за млад автор на Петтото интернационално биенале за керамика, Каиро, Египет (Бронзена плакета), 2007 – Награда за скулптура  “ЈОРДАН ГРАБУЛ” на ДЛУМ, 2015 – Награда за скулптура мал формат „ ДИМО  ТОДОРОВСКИ “ –ДЛУМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ