Главоболките може да се појават одеднаш и да предизвикаат да бидете уморни, исцрпени и врзани за постела со часови.
Истражување покажа дека главоболките се толку чести што една третина од светското население со нив се соочува секој ден. И додека причините за главоболка во некои ситуации се многу очигледни, постојат некои помалку познати предизвикувачи на главоболка или мигрена.
Од климатизери, преку лошо држење на телото, до несоодветен градник, еве некои неочекувани работи кои можат да бидат причина за главоболка.
Климатизери
Многу куќи и канцеларии имаат климатизери, кои го прават престојот во просториите попријатен. Но, ако често страдате од главоболка, знајте дека ова може да биде потенцијална причина за тоа. Бидејќи климатизерите го сушат воздухот, телото благо се дехидрира со текот на времето. Покрај тоа, климата им помага на прашината и влагата, доколку ги има во просторијата, да циркулираат, а тоа може да ги блокира синусите кај луѓе кои се склони кон алергии. Исто така, факт е дека кога собата е премногу ладна, крвните садови во мозокот се контрахираат, што резултира со главоболка.
Одредена храна
Ако добиете главоболка по оброкот, можно е дека виновникот да се одредени видови храна. Алкохолот, чоколадата и кофеинот се идентификувани како чести предизвикувачи на мигрена, но исто така и некои други видови храна – кисела, маринирана или пушена, исто така може да биде причина за главоболка. Причината е во тоа што оваа храна природно содржи супстанција наречена тиромин. Оваа супстанца се наоѓа во презреаните банани, авокадото и чоколадото.
Лошо држење на телото
Згрбавеноста и лошото држење на телото може да бидат причина за главоболка. Овие тензични главоболки се карактеризираат со постојана болка и чувство на притисок во главата. Тие обично се предизвикани од мускулна контракција или хроничен притисок во пределот на главата или горниот дел од грбот.
Промена на времето
Поради промената на воздушниот притисок, која се јавува со промената на времето, доаѓа до нерамнотежа на хемикалии во мозокот, вклучувајќи го и серотонинот, а тоа може да биде причина за мигрена. Покрај тоа, менувањето на времето може да ја влоши главоболката ако веќе ја имате.
Несоодветен градник
Ако носите градник кој не е со содветна големина или облик, тоа може да биде еден од факторите поради кој страдате од главоболка. Имено, градник со несоодветна големина, со тежинтаа на градите, создава стрес на рамениците и вратот.
„Главоболките може да бидат предизвикани од премногу тесен или премногу опуштен градник, но почесто тоа се вторите“, вели Пола Свобода, експерт за женска долна облека.
Нејзиното тврдење беше поддржано од истражување од 2008 година, кое покажа дека 70 отсто од жените носат мали градници, а 10 отсто поголеми отколку што треба.