На 12 декември во Денсинг салата на МКЦ својот традиционален концерт го одржа концерт Градскиот дувачки оркестар, еден од музичките оркестри на кои градот Скопје е горд. Со впечатлив настап, рафинирано одбран репертоар од светски евергрини и одлична изведба, Оркестарот ги одушеви пристуните. „Caravan“, „Final count down“, „Пролетни звуци“ од Штраус, „Њујорк, Њујорк“, “Girl from Ipanema“, „Tequila“, беа дел од свечената музичка програма на овој едночасовен концерт.
Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечена нота.