вторник, мај 21, 2024
домаКујнаИзвонреден концерт на Градскиот дувачки оркестар

Извонреден концерт на Градскиот дувачки оркестар

На 12 декември во Денсинг салата на МКЦ својот традиционален концерт го одржа концерт Градскиот дувачки оркестар, еден од музичките оркестри на кои градот Скопје е горд. Со впечатлив настап, рафинирано одбран репертоар од светски евергрини и одлична изведба, Оркестарот ги одушеви пристуните. „Caravan“,  „Final count down“, „Пролетни звуци“ од Штраус, „Њујорк, Њујорк“, “Girl from Ipanema“, „Tequila“, беа дел од свечената музичка програма на овој едночасовен концерт.

Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечена нота.

25397955_10155951094254264_1311906871_o

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ