петок, мај 24, 2024
домаКујнаЈапонска компанија ќе исплаќа плати во биткоини

Јапонска компанија ќе исплаќа плати во биткоини

Јапонска компанија ќе почне да исплаќа плати на вработените во биткоини за да развие подобро разбирање на виртуелната валута кај вработените. Биткоин се дигитални пари, создадени и зачувани електронски, што значи дека не постојат во физичка форма. Ги произведуваат луѓе од целиот свет користејќи компјутери и софтвер кој решава математички проблеми. Тоа е првиот пример на таканаречена криптовалута.

Компанијата ГМО интернет која управува со онлајн бизниси кои се занимаваат со финансии, интернет рекламирање и интернет инфраструктура, ќе им исплатува на своите вработени од февруари следната година до 100 000 јени (850 евра) месечно во биткоини.

Портпаролот на компанијата тврди дека вработените не се должни да го прифатат овој вид на исплата на платите, но од компанијата се надеваат дека сепак ќе прифатат. Целта на овој начин на работа е разбирање на криптовалутата, а во администрацијата веруваат дека ова најдобро може да се научи само со користење на биткоинот.

Оваа можност ќе може да ја користат 4.000 вработени во ГМО групацијата во Јапонија. Компанијата започна со размена на бикоини во мај, а следниот месец ќе се приклучи на групата „Bitcoin mining“ – група на компании кои имаат право да примаат бикоини како награда за помош во одржувањето на безбедноста на Мрежата.

Вредноста на криптовалутата во светот многу порасна, скокајќи од вредност од 1.000 долари, колку што вредеше еден биткоин во јануари, до 17.000 долари, колку што вреди денес.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ