Во Соединетите Американски Држави, Медицинската асоцијација во Тексас создаде графикон кој покажува кои активности нè ставаат на најмал и најголем ризик за време на пандемија. Петнаесет лекари од САД учествуваа во развојот на табелата.
Активностите со низок ризик вклучуваат отворање е-пошта, земање храна дома, играње тенис и кампување.
Активности кои повторно се со релативно низок ризик се трчање, пешачење, возење велосипед, посета на музеј и јадење во ресторан, но на отворено.
Според американските медицински лица, постои среден ризик од заразување при сончање, шопинг во трговски центар, работа во канцеларија и пливање во јавен базен. Податоците покажуваат дека најголем ризик од инфекција е кога тренирате во теретана, посетувате забавен парк или концерт, стадион или седите во бар.
А.Н.