четврток, ноември 14, 2024
домаЖивотКако да ги задржиме килограмите по диетата?

Како да ги задржиме килограмите по диетата?

Многумина кои сакаат да ослабат не успеваат, бидејќи брзо по диетата ги враќаат толку тешко симнатите килограми. Со исхраната NuMe јо-јо ефектот се јавува само доколку се вратите на стариот наичин на исхрана веднаш и доколку повторно продолжите да јадете мрсно и тестенини.  Нутриционистите велат дека и за тоа има „лек“ и „лежи“ во магдоносот и целерот. Качувањето на килограмите после диета може да се должи на бактерии во дигестивниот систем. Додека слабееме, навикнати на масти микроорганизмите се чувствуваат проблематично, но не ја напушти својата територија.

Затоа, кога ќе почнеме да се храниме нормално, тие не можат да добијат доволно омилени масти. Всушност овие „лоши“ бактерии ги уништуваат природните соединенија во храната, кои го олеснуваат согорувањето на мастите.

Овој ефект може да биде неутрализиран со пијалоци богати со материи кои се содржат во овошјето и зеленчукот. Тоа се флавоноиди, кои промовираат клетките да ги согоруваат мастите, а не да ги акумулираат.

Едното од овие соединенија – апигенин, е карактеристично за магдоносот, целерот и чајот од камилица. Другото – нарингенин, се среќава во грејпфрутот, портокалот и нането.

Израелските научници работеле со глувци, но се убедени дека откритието важи и за луѓето. Кога тие им давале многу флавоноиди, па бактериите во дигестивниот нивниот систем да не можат да ги голтнат, животните се дебелееле помалку по прекинот на диетата за слабеење.

Сепак доколку сакате да успеете во вашите намери почитувајте ги овие правила и нема да ги повратите килограмите по исцрпувачките диети. Не заборавајте на вашата трпеза да имате:

  • Многу овошје и зеленчук;
  • Јадете немасно месо. 
  • Ги  исфрлите на грицките и благото.
  • Избегнувајте да јадете ноќе.
  • Јадете салата како предјадење.
  • Пиете чаша минерална вода пред оброкот.
  • Вежбате, пешачете и спортувајте.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ