Какви цртани гледаат нашите деца?

Децата уште од најмала возраст реагираат, се вртат и гледаат кон телевизорот кога на него се прикажува цртан филм. Причина за тоа е вообичаено пријатниот тон кој го надсинхронизира и убавите и весели бои.

0
865

Тоа се цртаните на кои бевме навикнати мојата генерација, тие пред мене и можеби уште некоја генерација потоа. Секоја вечер пред главниот дневник, поточно во 19:15 на малите екрани се емитуваше цртан филм за добра ноќ. Спремни за спиење, седнувавме и ги гледавме прекрасните, Том и Џери, Мечето Ушко, Ла Линеа, Снупи, Брзата птица итрица, Пинк Пантер или пак Џивџи со мачорот Силвестер. Преку сите цртани гледавме дека сите мали недоразбирања кои ќе се случат во играта или секојдневниот живот можеме да ги решиме со разбирање.

tomСекој цртан филм на свој едноставен начин на учеше на нешто друго. Од основните навики кои треба секојдневно да ги практикуваме пред легнување и по станување (мечето Ушко), дека за секоја препрека има решение, односно секогаш кога мислиме дека сме пред дупка, животот може и мора да продолжи ( Ла Линеа), со брзина и умешност можеме да ја постигнеме целта ( брзата птица Итрица)….Кога сме ги гледале сите овие цртани сигурно не сме навлегувале длабоко во нивната суштина, но сме се стремеле и ние да бидеме како нив. Хероите од нашите цртани.

Денеска нашите деца исто така се стремат да бидат како хероите, јунаците од нивните цртани. Прашањето е какви се јунаците што тие ги гледаат.

Најпрво да го споменам фактот дека сега времето за легнување е изместено и малку  се тие децата кои легнуваат во 19:30. Но и тогаш дали по нашите ТВ канали се емитува некој цртан филм. Нивното место за жал го имаат завземено турските ефтини серии, кои ги трујат возрасните а и онаа најмладата генерација.

Оние родители кои решиле дека ниту тие, а уште помалку нивните деца ќе се трујат со турски серии, им останува да им дозволат д изгледаат цртан филм на некои од странските програми кои ги гледаме преку ТВ операторите.

Тука можете да одберете меѓу, Minimax, nickelodeon, ok kids, cartoon network, Baby first, Hayatovci.

kalimeroЕ сега следува вистинското прашање. Која е лепезата на цртани што тука може да се види и што од нив ќе се научи. Бројот на цртани какви што ние сме научени да гледаме е многу мал, скоро и да ги нема. Со исклучок на неколку едукативни од кои можат да видат и научат за диносаурусите, да прошетат во замислениот свет Сентропија,  да истражуваат со Дора, да учи  англиски со Ноди, или пак убави прсипивни песнички за најмалите од малите, ви останува да гледаат крвничко тепање, насилство, страшни ликови од кои и ние возрасните би се исплашиле. Друг муабет е дека освен на еден од овие канали, сите други цртани се надсинхронизирани на српски или пак англиски јазик. Токму затоа погоре спомнав дека имаат можност само да ги гледаат и да разберат што се случува според свое видување.

Резултат од овие цртани се знаењето како да си играат меѓусебе, се почестите тепачки отколку игра, асоцијалното однесување во друштво…

Можеби треба да размислат нашите ценети ТВ куќи кога го распределуваат својот буџет. Дел од нивните средства да се пренасочат кон купување на квалитетни цртани филмови за младата публика. Да имаат можност и нашите деца да растат со убави, поучни, цртани без насилство и синхронизирани на мајчин јазик. Токму онака како што сме растеле ние.

Александра Накова