среда, ноември 20, 2024
домаКујнаКамерен концерт на „Бенџамин пијано трио"

Камерен концерт на „Бенџамин пијано трио”

Емир Имеров, Александар Кагановски и Ваг Папијан в петок во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија ќе одржат концерт со своето „Бенџамин пијано трио“. На програмата се дела од Бетовен и Менделсон.

Традиционално и полно со ентузијазам, Бенџамин пијано трио, кое своето име го доби по кучето на виолинистот Емир Имеров е формирано во 2009 година од челистот Александар Кагановски и виолинистот Емир Имеров. Третиот член е Ваг Папијан, истакнат руски пијанисти и диригент, познат по своите настапи во виолинистот Максим Венгеров.

„На крајот од фантастичкиот концерт полн со музичка и емотивна обоеност, публиката го поздрави Бенџамин трио со стоечки овации. Триото ги изведе делата со концертна брилијантност, давајќи им нов живот со што длабоко ја импресионираа публиката“, пишува критиката за нивните настапи.

На нивните концерт Бенџамин пијано трио секогаш инсистираат да ја обединат источната и западната традиција. Триото извбедува дела од руски композитори, како и дела од виенската класика, од ромаантизмот и од другите музички епохи.

Ова трио досега настапувало во Германија, Франција, Австрија, Швајцарија, Италија, Источна Европа и Израел. Настапувале и на фестивали во Швајцарија, Данска, Македонија и во Шведска. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ