Канадскиот рапер К’наан обвинет за сексуален напад во Квебек Сити

0
42

Канадскиот рапер К’наан, познат по неговата песна „Wavin’ Flag“ која стана химна на Светското првенство во фудбал во 2010 година во Јужна Африка, е обвинет за сексуален напад во Квебек Сити во 2010 година, објави канадскиот медиум CBC.

Според судските документи на кои се повикува CBC, пејачот, чијашто вистинско име е Кеинан Абди Варсаме, наводно сексуално нападнал жена во јули истата година. Жртвата во тој период била во своите дваесетти години.

Абди Варсаме, кој стои зад хитот „Wavin’ Flag“ од 2009 година, беше уапсен во понеделникот, според портпаролот на полицијата во Квебек Сити. Сепак, ден подоцна во Торонто ја прими наградата „Cultural Impact“ од Канадското здружение на композитори, автори и музички издавачи.

Прелиминарната истрага е закажана за 23 април 2025 година.

Ф.С.