четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаКанал 5: Новинарот Михајловски на првиот тест бил негативен и без симптоми...

Канал 5: Новинарот Михајловски на првиот тест бил негативен и без симптоми на интервјуто со Заев и Мицкоски

Новинарот и уредник во Канал 5 телевизија Гоце Михајлоски, водител на емисијата „Само интервју“ во која гости му беа, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, е заразениот новинар за кој утрово информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Од Канал 5 телевизија соопштуваат дека тој првично немал симптоми, а првиот тест кој го извршил во приватна клиника бил негативен.

-Викендот на 28 и 29 Март оваа година, колегата Михајлоски бил во посета на своте родители во Прилеп, од каде во понеделникот, на 30ти март, продолжува со работа во дневно-информативната редакција, без никакви елементарни сомнежи ниту симптоми – соопштуваат од Канал 5.

Во телевизијата, како што велат, подолг период веќе има воспоставено високи стандарди на заштита и контрола на вработените: задолжително мерење на телесна температура при влез во  компанијата, дезинфекциони пунктови на 5 локации, на секој кат, дополнително и во информативната редакција, задолжително работниот процес се извршува со помош на заштитни маски, а за делот на техниката и новинарите се обезбедени и пластични визири , за дополнитена заштита.

-Во четвртокот и петокот, во емисијата „Само интервју“, гости му беа Зоран Заев и Христијан Мицкоски, последователно, при што беа запазени сите протоколи. Првите симптоми кај колегата Михајлоски се појавиле во ден недела, 5 април, кои биле во форма на малаксаност, замор и главоболка, по што веднаш околу 17.00 часот го напуштил работното место. Од  понеделник, 6 Април, на барање на компанијата, колегата е во самоизолација, а во меѓувреме тој забележува температура повисока од 38 степени, и бара од својот матичен лекар да добие упат за тестирање , но поради електронската анкета, нема доволни симптоми за да биде упатен на тестирање. На 7 април, во утринските часови, поради зголемената температура прави тест преку крв во една приватна болница, кој покажува дека е негативен на корона вирусот – велат од Канал 5 телевизија.

Во четврток, 9 април Михајловски заминува во болницата „8 Септември“  каде е примен, а утринава ја информирал телвизијата дека сепак е позитивен на Ковид-19, велат од Канал 5 и додаваат дека во соработка со Министерството за Здравство ќе ги превземат сите чекори за брзо надминување на оваа несреќна здравствена состојба.

Од Канал 5 додаваат дека сите вработени кај кои тоа е можно, го изведуваат работниот процес од дома. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ