Пекинг воведе нови царини за увоз на 128 американски производи, вклучувајќи свинско месо, вино и овошје, а зголемувањето оди до 25 проценти. Таквиот потег на Кина е одговор на одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги зголеми царинските давачки за увоз на кинески алуминиум и челик.
Загубите се мерат во милијарди, а кинеската економија страда, но Пекинг вели дека не се плаши од трговска војна. Доналд Трамп дури смета дека таква војна е добра и дека Америка лесно ќе ја добие.