сабота, јули 27, 2024
домаКујнаКинотека на Македонија меѓу најдобрите арт кина во Европа

Кинотека на Македонија меѓу најдобрите арт кина во Европа

Кинотека на Македонија е прогласена за едно од најдобрите арт кина во Европа од блогот „Spotted by locals“. На блогот се објавени водичи за 71 град кои се создадени од вистински локалци кои живеат во градот за којшто пишуваат, го зборуваат локалниот јазик и пишуваат за нивните омилени места во градот. Основачите на блогот ги посетуваат сите градови и лично ги запознаваат локалците кои пишуваат за блогот и ги посетуваат локациите препорачани од нив.
 
Извадок од статијата на блогот посветен на Кинотеката чиј автор е Бојана Трајковска: „Скопје има прекрасно арт-кино во кое се чувствувате како во Музеј на филмот. Кинотеката главно се фокусира на независниот филм и документарци. Речиси секој месец се одржуваат ретроспективи и филмски ревии посветени на филмови од одредена земја. Кинотеката е посветена на презентирање на суштинската филмска уметност.“

Останатите Европски арт – кина можете да ги погледнете тука

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ