вторник, декември 24, 2024
домаКујнаКнижевен разговор со писателката Тања Ступар-Трифуновиќ

Книжевен разговор со писателката Тања Ступар-Трифуновиќ

Издавачката куќа „Готен“ ве поканува на книжевниот разговор со писателката Тања Ступар-Трифуновиќ. Разговорот ќе се одржи во рамки на книжевниот фестивал „Друга приказна“, во недела (9 септември), со почеток во 18.30 часот во Музејот на современа уметност во Скопје. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски.

Тања Ступар-Трифуновиќ во септември е гостинка на книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“.

Тања Ступар-Трифуновиќ (1977) е родена во Задар. Дипломирала српски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Бања Лука. Пишува поезија, проза, колумни и книжевни критики. Нејзината поезија е наградувана и преведувана на англиски, француски, германски, полски, словенечки, дански и македонски јазик. Застапена е во повеќе антологии и избори од поезијата и прозата. За романот „Часовниците во мајчината соба“ во 2016 година ја добива наградата на Европската Унија за литература. Живее во Бања Лука.

Разговорот со Тања Ступар-Трифуновиќ е дел од книжевната резиденцијална програма за автори и преведувачи од Југоисточна Европа „Апсолутно модерен“, програма која се реализира под покровителство на Европската мрежа за превод и книги Традуки.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ