четврток, мај 30, 2024
домаКујнаКнижевна вечер со Миха Мацини

Книжевна вечер со Миха Мацини

Книжевна вечер со словенечкиот писател Миха Мацини, ќе се одржи во „Кино Култура“, в петок, на 17 ноември, со почеток во 20.00 часот во организација на издавачката куќа „Готен“. Разговорот со Миха Мацини ќе го води Владимир Јанковски.

Миха Мацини е моментално еден од најпопуларните словенечки писатели. Има објавено повеќе од 30 книги, преведени на 10 јазици. Неговите дела се застапени во многубројни антологии. Освен со проза, Мацини се занимава и со пишување сценарија и режирање. Две од неговите сценарија за филм се наградени. Има магистратура за креативно пишување за филм и телевизија на Универзитетот во Шефилд, а докторат по антропологија на секојдневниот живот на Институтот за хуманитарни науки во Словенија.

Во издание на „Готен“ е објавен неговиот роман „Избришана“. Преводот од словенечки јазик е на Иванка Апостолова Баскар. Луцидноста, општествената критичност и духовитоста го карактеризираат овој роман. Авторот го разоткрива пеколот на словенечката бирократија по падот на еднопартискиот систем, при што нововоспоставената демократија создава еднаква неправедност во општеството. Романот изобилува со фокусирана, напната и раздвижена нарација.

Книжевната вечер со Миха Мацини е поддржана со Јавната агенција за книга на Република Словенија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ