Според пописот на Brand Finance, Hilton е највредниот хотелски бренд во светот, со проценета вредност од 11,7 милијарди долари. Hilton ќе отвори хотел и во Босна и Херцеговина, со обновувањето на Хотел Неретва во Мостар. Во Хрватска, Hilton управува со шест хотели, од кои три во Загреб, еден во Риека, Опатиија и Дубровник. Брендот е присутен и кај нас, во Скопје, а го има и со хотел во Белград, Србија, и еден во Подгорица, Црна Гора.
На второ место е Hyatt со вредност од 6,1 милијарди долари, кој во регионот оперира со два хотели во Црна Гора и Србија, како и со шест хотели во Хрватска.
Hampton зазема трето место со проценета вредност од 4,3 милијарди долари, додека на четврто место се наоѓа Marriott со 3,1 милијарди долари. На петто место е кинескиот бренд Shangri-La со вредност од 2,1 милијарди долари. Меѓу останатите водечки брендови се DoubleTree, Sheraton, Embassy Suites, и британскиот InterContinental, кој вреди 1,2 милијарди долари.
Американските хотелски брендови продолжуваат да доминираат на врвот на листата, иако се соочуваат со предизвици за раст на вредноста поради глобалната економска ситуација и пост-пандемските услови.
Ф.С.