Просечната оценка на задоволството со животот во Европската Унија во текот на 2023 година беше 7,3 на скала од нула до 10, а највисокиот рејтинг е забележан во Финска и изнесува 7,8, објави денес Евростат.
Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека следуваат Белгија, Австрија, Романија и Словенија, а секоја од нив имала оценка 7,7.
Меѓу 27-те земји на ЕУ, дури 13 забележале рејтинзи над просекот на Европската унија, додека Словачка и Луксембург имале точно толку, пренесува Танјуг.
Во Бугарија е регистрирана најниска оценка од 5,9, а нешто подобри се Летонија и Грција со по 6,9.
Евростат напоменува дека на задоволството со животот можат да влијаат многу фактори, како што се годините, нивото на образование, семејната и финансиската ситуација.
А.Н.