По тенскиот турнир „Адриа“ на кој се појави корона вирусот и од каде заразени си заминаа дома повеќе тенисери меѓу кои и тенисерот број еден, кошмарот почну8ва да добива неочекува тек. Хрватскиот доктор одговорен за здравјето на тенисерите д-р Игор Бориќ, вели дека Григор Димитров не пријавил дека не е добар и дека чувствува некои симптоми на вирусот, иако бил во контакт со него.
– Бев во контакт со Димитров, се слушнавме преку телефон. Тој ми се обрати во четвртокот наутро во врска со болката што ја чувствувал во лактот – рече Бориќ.
Бугаринот не му спомнал на лекарот дека се чувствува лошо.
– Тој не ми кажа ништо за тоа, така што немам никакви информации за тоа.
Хрватскиот доктор смета дека организаторите на турнирот не погрешиле, но хрватската публика згрешила.
– На трибините имаше премногу луѓе и публиката не го почитуваше социјалното дистанцирање и редовната дезинфекција на рацете. Цели денови освен финалето, имаше доволно простор на трибините да се направи јаз, но луѓето не се придржуваа кон тоа – рече д-р Бориќ.
И таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ вчера во изјавата кажа дека најголем виновник за тоа што се случи во Задар е поради неискреноста на бугарскиот тенисер.
Ф.С.