среда, ноември 20, 2024
домаЖивотСоцијална политикаКој прима руска вакцина против коронавирус, во следните два месеци без алкохол

Кој прима руска вакцина против коронавирус, во следните два месеци без алкохол

Кампањата за вакцинација на Русија започна викендов во Москва

Оние кои ја примаат руската вакцина Спутник V против вирусот корона, мораат да се воздржат од алкохол два месеци, изјави шефот на руската служба за заштита и надзор на потрошувачите, Роспотребнадзор, Ана Попова.

– Потрошувачката на алкохол мора да престане најмалку две недели пред имунизацијата, а оние кои ја примаат првата доза мора да се воздржат од алкохол во наредните 42 дена – изјави Попова за Радио Космолскаја правда во вторникот.

Попова ги советуваше граѓаните да не пушат пред и по вакцинацијата, предупредувајќи дека чадот од тутун ги иритира белите дробови и го намалува имунолошкиот одговор.

Како што пренесува „Москва тајмс“, по предупредувањето на Попова, се огласи Александар Гинзберг, шефот на државниот истражувачки центар „Гамалеја“, кој го разви Спутник V, пренесува Танјуг.

Гинсберг рече дека, иако не треба да се консумира алкохол пред или по вакцинирањето, „една чаша шампањ никогаш не му штетила на некого“, пренесува „Москва тајмс“.

Кампањата за вакцинација на Русија започна викендов во Москва, а досега според проценките, околу 100 000 Руси ја примиле вакцината Спутник V, вклучително учесници на тестот и припадници на армијата.                             Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ