среда, декември 18, 2024
домаЕКОНОМИЈАКолку часа Европејците работат неделно?

Колку часа Европејците работат неделно?

На прашањето колку часа Европејците работат неделно има многу одговори кои ни ги покажуваат просечните часови на работа неделно низ Европа, но најверодостојни се истражувањата на Eurostat’s Labor Force Survey (2023). Сепак, има една стара шега во која се вели: работиш ли напорно или едвај работиш? „Напорната работа“ е тешко да се измери, но е можно да се знае кој работи најдолго.

Просечната работна недела на Европејците по земја, според податоците од истражувањето на Eurostat’s Labor Force Survey (2023) е најдолга во Турција, а најкуса во некои од земјите на ЕУ, каде таа е 36 часа. Овој сет на податоци опфаќа вработени лица на возраст од 20-64 години во „главно занимање“ и вклучува полно и неполно работно време.

Балканот работи најдолго во Европа Помалку богатите земји во Европа (според БДП по глава на жител) имаат тенденција да имаат подолги работни недели. На пример, луѓето на Балканот – вклучувајќи ги Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Грција и Романија – сите работат во просек 40+ часа неделно на своите главни работни места.

Табела:

РангЗемјаПросечни неделни часови на работа (2023)
1🇹🇷 Турција44
2🇷🇸 Србија42
3🇧🇦 Босна и Херцеговина41
4🇬🇷 Грција40
5🇷🇴 Романија40
6🇵🇱 Полска39
7🇧🇬 Бугарија39
8🇨🇾 Кипар39
9🇱🇻 Латвија38
10🇱🇹 Литванија38
11🇭🇷 Хрватска38
N/A🇪🇺 ЕУ (2020)36

За разлика од нив, луѓето во Холандија работат во просек 32 часа неделно. Оваа разлика меѓу Источна и Западна Европа не е нова. Податоците од 2008 година покажуваат слични трендови.

Друг резултат од истражувањето на Labor Force Survey е како неделните работни часови се разликуваат според занимање. Луѓето во земјоделство, шумарство и рибарство имаат најдолги работни недели (44 часа).

Табела:

РангЗанимањеПросечни неделни часови на работа (2023)
1🌾 Земјоделство, шумарство и рибарство44
2💼 Менаџери42
3🪖 Вооружени сили40
4🔧 Занаетчии38
5🏭 Оператори на машини38
6🔬 Техничари35
7👩‍🏫 Професионалци35
8🛎️ Услуги и продажба34
9🖇️ Административна поддршка33
10🔤 Основни занимања31

Кога се споредуваат двата сета на податоци, се појавуваат некои корелации. На пример, во Турција и Србија, двете земји со најдолги работни недели во Европа, речиси 20% од работната сила е вработена во земјоделство.

Слично, Босна (3-то место) и Романија (5-то место) исто така имаат приближно иста распределба (20%) на работната сила во земјоделството.

Во меѓувреме, просечните часови на работа во Грција се зголемуваат: владата воведе шестдневна работна недела за одредени индустрии, со цел да се зголеми продуктивноста.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ