Колку чинат „купените“ инфлуенсери

0
2

Компанијата Мета, сопственик на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, им нуди на инфлуенсерите до 300.000 долари за објавување содржини на овие платформи, со цел да го направи Инстаграм примарно место за објавување на нивните содржини.Мета се обидува да ја искористи неизвесноста околу судбината на кинеската платформа ТикТок во САД и стапила во контакт со познати „креатори на содржини“ за да објавуваат ексклузивно на нејзината платформа, според „Бизнис Инсајдер“ (BI).Овој портал имал увид во договори помеѓу Мета и инфлуенсери со повеќе од милион следбеници на мрежата, при што понудите се движат од 2.500 до 50.000 долари месечно.Договорите што ги прегледал BI се групирани по нивоа: до 50.000 долари месечно на прво ниво, 25.000 долари на второ, 15.000 долари на трето, 5.000 долари на четврто и 2.500 долари на петто. Што се договара? Во период од шест месеци, креаторите треба да објавуваат најмалку 10 нови содржини на своите Инстаграм профили секој месец. Видео снимките треба да бидат долги најмалку 15 секунди и не подолги од три минути, и треба да се објавуваат 25% повеќе на Reels платформата отколку на друга платформа за кратки видео записи. Покрај тоа, треба да споделуваат две снимки месечно како IG приказни и да комуницираат со фановите еднаш дневно преку коментари, споделувања или одговори. Дополнително, треба да објавуваат двапати месечно на нивната примарна платформа (ТикТок или Јутјуб), промовирајќи содржини на „Инстаграм“ и поттикнувајќи ги фановите да ги следат на таа платформа преку линк во нивната биографија. Ако авторите ги исполнат овие услови, ќе заработуваат 50.000 долари секој месец во текот на шестмесечниот договор.Еден менаџер запознаен со договорот изјавил дека некои инфлуенсери ја одбиле понудата, наведувајќи причини како ексклузивност и општа фрустрација со Мета. Понудите за помали суми имаат малку поинакви услови, а Мета исто така нуди бонуси за привлекување креатори на содржини од ТикТок.Сепак, тоа не се единствените начини за заработка. Минатата недела, Мета започна програма „Breakthrough Bonus“ со награда до 5.000 долари во рок од три месеци за објавување снимки на Инстаграм и Фејсбук. Компанијата одби да коментира детали за овие договори и понуди.

Ф.С.