„Татковци, не можете да си дозволите мајка домаќинка“, е насловот на текстот на американскиот блогер Стивен Нелсен, кој предизвика големо внимание. Тој пресметал колку би требало мажите да им платат на своите сопруги за сета работа во домаќинството и грижата за децата, и заклучил дека не би можеле да си го дозволат тоа.„Мислам, кога велам дека не би можел да си дозволам мојата сопруга да остане дома. Еве зошто… Мојата сопруга останува дома и се грижи за нашиот син секој ден. Му ги менува пелените, го храни, игра со него, го приспива и го утешува кога е вознемирен. Секако, таква грижа детето добива и во градинка. Но, разликата е во тоа што нашиот син е нејзиниот единствен фокус. Нема други деца за кои таа треба да се грижи. Сето нејзина внимание и енергија е насочена кон него. Секако дека тоа е нормално за секој родител, да го сака и да се грижи за своето дете. Но, на пример, дадилка за таква работа добива 705 долари неделно, 36.660 долари годишно: јас тоа никако не би можел да си го дозволам“, бил искрен Нелсен.Нелсен истакнува дека во основа постои професионална услуга за секоја активност што ја извршува секоја мајка и домаќинка, која би требало да се плати. Тој прикажал колку тие услуги се наплатуваат годишно во просек:Околу 33.500 евра чини дадилка вработена со полно работно време годишно4.700 евра – професионална чистачка2.370 евра – личен набавувач11.400 евра – секојдневен готвач3.560 евра се плаќа на финансиски советник за планирање на домашниот буџет, трошоци и слично823 евра би требало Нелсен да и плати на сопругата ако таа му биде придружничка на деловна вечера1.180 евра е трошокот за годишно перење алиштаПлатата што би ја имала мајката и домаќинката кога сите нејзини активности би се класифицирале како професионални услуги би изнесувала повеќе од 66.000 евра годишно.„Мојата плата не го покрива она што мојата сопруга го прави за нашето семејство. Во тој смисол, не би можел да си ја дозволам како работна сила. Тотално потфрлив во тоа да и оддадам признание што го заслужува. Бидејќи сите работи што таа ги прави за мене и нашето семејство не ги прави за плата. На чуден начин сега се обидувам да и кажам колку ја ценам како жена, како мајка и како личност која секогаш е тука за мене и е мојата поддршка во животот“, напишал Нелсен.
С.Н.