Брас квинтетот на Филхармонија вечерва во 20 часот ќе одржи мини концерт во пресрет на Денот на Европа (9 мај). На концертот ќе настапи и Градскиот дувачки оркестар.
Во Брас квинтетот на Филхармонија свират Александар Ниниќ ( туба), Благоја Василевски (хорна), Стефан Илиев (труба), Горан Арменски (труба) и Никола Ристевски ( тромбон).
На програмата се повеќе дела, а ќе бидат отсвирени и химнaта на Р.С. Македонија, “Те деум” од Шарпентје (химната на Евровизија) и Бетовеновата “Ода на радоста” врз чии фрагменти се темели химната на Европа.
Концертот ќе може да се проследи на фејсбук каналите на Секретаријатот за европски прашања. А.Р.