понеделник, мај 20, 2024
домаКујнаКонцерт по повод денот на ФМУ

Концерт по повод денот на ФМУ

Свечен концерт по повод денот на основањето на ФМУ – Скопје ќе се одржи утревечер во Македонската филхармонија. Оваа среда, студентите на Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе приредат впечатлив настан со атрактивна програма составена од ремек делата на класичниот музички репертоар. За прв пат тие ќе настапат во големата сала на новата зграда на Македонската филхармонија.

Симфонискиот оркестар и Хорот „Драган Шуплевски“ под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски ќе изведат значајни дела од великаните на музичката уметност: Увертирата за операта „Сицилијански вечери“ од Џузепе Верди, прочуената Симфонија бр. 8 „Недовршена“ од Франц Шуберт и брилијантните „Половецки танци“ од операта „Кнез Игор“ од Александар Бородин.

Факултетот за музичка уметност – Скопје е јавна високообразовна установа во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје која преку својата високообразовна дејност директно влијае врз развојот на македонската култура и уметност. Почнувајќи од 1966 година оваа институција, покрај високообразвоната, врши и научно-истражувачка, уметничка и применувачка дејност од областа на музичката уметност. Денес Факултетот има пет катедри, но и студиски програми за постдипломски студии. Во текот на изминативе години од Факултетот за музичка уметност излегле над 2000 дипломирани студенти, над 400 магистранти и дваесетина докторанти.

Ова е традиционален концерт кој се одржува секоја година на 6 декември. Почетокот на концертот е во 20 часот и влезот е слободен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ