Со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“, Рисима Рисимкин, еднa од водечките македонски кореографки и уметничка директорка на „Танц фест“ Скопје и „Скопје танцовиот театар“, првата официјална компанија за современ танц во Северна Македонија, вечерва од 21 часот во предворјето на црквата „Св. Софија“ во рамки на Охридско лето ќе одбележи јубилејни 30 години активно кореографско творештво.
Во претставата, по кореографија и режија на Русимкин, на музика на Тони Китановски, играат членовите на Скопје танцовиот театар: Адријана Данчевска, Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Валентино Апостоловски, Бобан Русески и Исидора Краљевска и првенката на Националната опера и балет, Мими Поп-Алексова.
Костимите се на Благој Мицковски, а сценографијата на Матеа Мијановиќ. А.Р.