среда, ноември 20, 2024
домаЖивотКоронавирусот ги затвори џамиите во Кичево

Коронавирусот ги затвори џамиите во Кичево

Во Кичево затворени џамиите откако се појави заразата меѓу верниците и еден оџа. Осум џамии една недела ќе бидат затворени, а верниците се замолени да ги избегнуваат верските објекти.

Препораките на исламското раководство во Кичево е верниците да не прибегнуваат кон останатите џамии во околните градови додека не се смири ширењето на заразата.

Во Кичево за само неколку дена се рашири заразата и во моментов има 25 граѓани кои се уште се водат како активни случаи.

Колку за потсетување ИВЗ ги отвори капиите на верските објекти на 12-ти мај и оттогаш на сила се препораките да се држи дистанца и да се носат маски при извршување на верски обред. Но, олеснување на мерките за религиозните празници, според епидемиолизте е главна причина за појавата на т.н. втор бран на заразата.

Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ