недела, декември 22, 2024
домаЖивотЗдравјеКрводарителска акција во Гевгелија во вторник

Крводарителска акција во Гевгелија во вторник

Под мотото „Крвта да го чека болниот, а не болниот да чека крв“, ОО Црвен крст Гевгелија организира крводарителска акција за граѓаните од општина Гевгелија, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина. Крводарителската акција, која е прва во новата година во вторник (24 јануари, 2023 година) ќе биде одржана во просториите на Народен театар – Гевгелија, во периодот од 10 до 16 часот. Кандидатите кои сакаат да ја даруваат својата крв треба да го најават своето учество на телефонскиот број: 077 750 120.
Во текот на минатата година, ОО Црвен крст Гевгелија беше организатор на 11 крводарителски акции, на кои беа собрани 700 единици крст.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ