недела, декември 22, 2024
домаНасловнаКурц: Западен Балкан заслужува членство во ЕУ

Курц: Западен Балкан заслужува членство во ЕУ

Европската унија ќе биде комплетна само кога на заедницата на нации ќе се приклучат и земјите од Западен Балкан, изјави во Стразбур, австрискиот канцелар Себастијан Курц, претставувајќи ги на членовите на Европскиот парламент приоритетите на австриското претседателство со ЕУ. Себастијан Курц рече дека еден од трите приоритети на австриското претседателство ќе биде приближувањето на Западен Балкан кон членството во ЕУ.
Како преостанатите приоритети ги истакна безбедноста и борбата против илегалната миграција, како и дигитализацијата и автоматизацијата, со цел да се обезбеди просперитет на ЕУ.
“Западен Балкан не само што ја има европската перспектива што ја заслужува, туку и заслужува членство во ЕУ, така што ќе работиме најдобро што можеме за да го поддржиме процесот на нивно пристапување во ЕУ”, рече Курц.
Тој, исто така, рече дека ЕУ мора да биде активна во соседството за да обезбеди стабилност, безбедност и мир.
“Југоисточна Европа, а особено Западен Балкан, се блиску до Австрија”, вели Курц.
Австрискиот канцелар побара на земјите од Западен Балкан да се даде “искрена перспектива” и да се овозможи стабилен напредок кон членство во ЕУ, со цел да се победат други земји кои имаат влијание во регионот и да се комплетира ЕУ проектот.
“Во одреден момент, мора да го комплетираме ЕУ проектот и да ги воведеме тие земји во Унијата за да придонесеме за напредокот на ЕУ, но исто така и да ги поддржиме нашите основни вредности”, рече Курц.
Курц додаде дека решение за спорот за името меѓу Грција и Северна Македонија е значаен охрабрувачки знак, и изрази задоволство што постои “основна подготвеност за отворање на преговори со Албанија и Македонија”, иако официјална Виена сака уште појасни сигнали.
Според него, особено во мигрантската криза, докажано е дека Западен Балкан не е само интегрален дел од Европа, туку е и интегрален дел од нејзината безбедносна архитектура. Курт истакна дека мигрантската криза во изминатите години предизвика голема несигурност кај граѓаните на Европа и ја поткопа довербата во способноста на Унијата да обезбеди безбедност. Поради ова, истакна тој, неопходна е сигурност во Европа и заштитата на европските граѓани да се постави како највисок приоритет.
Според него, потребно е да дојде до промена на парадигмата во европската политика за миграција, а заштитата на надворешните граници е предуслов за да се обезбеди дополнително вековниот проект на безграничен шенген простор.
Самитот на ЕУ, според Курц, направи важен чекор во вистинската насока. Тој изрази задоволство што за прв пат концептот за прифаќање платформи беше прифатен од Советот на ЕУ. Одржливото решение за мигрантската криза, смета Курц, е можно само ако сите 28 држави се единствени.
Друг приоритет на Австрија е обезбедување на просперитет и дигитализација.
“Во оваа област, Европа треба да ги искористи своите шанси. Во последните 20 години ние сме спиеле многу”, изјави Курц, истакнувајќи дека е потребен вистински нов почеток, ако европските компании сакаат да продолжат да играат и понатаму улога на светскиот пазар.
Само ако високотехнолошки производи се направени во Европа, можно е да се обезбеди благосостојба, рече Курц.
Во врска со Брегзит, Курз рече дека Европа не треба да дозволи да биде поделена.
“Европа е нашата иднина и Унијата има многу повеќе од она што не обединува, отколку она што не дели”, изјави Курц, додавајќи дека Австрија го презема претседавањето во времето на пресврт.
Според него, меѓународниот поредок се менува, постои непредвидлива американска администрација што ги загрозува меѓународните договори, а во исто време Кина бележи брз економски успех.
Кога станува збор за Русија, тој рече дека Австрија сака да ги интензивира каналите за дијалог со Москва, подвлекувајќи дека мирот на нашиот континент е возможен само со, а не против Русија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ