Денеска, 11.12.2022 година, Македонија на детската Евровизија, ќе ја претстават Лара, Ирена и Јован со песната „Животот е пред мене”.
Македонската радио телевизија ќе врши директен пренос од Ереван, каде се одржува манифестацијата, од 16 часот.
Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика и поените од професионалните жирија, во сооднос 50:50, и тој збир на крај ќе го определи победникот.
Лара, Ирена и Јован денес пеат на Детската Евровизија
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!