четврток, декември 19, 2024
домаНасловнаЛатинска Америка на удар на коронавирусот: Над четири милиони заболени, 175.000 починати

Латинска Америка на удар на коронавирусот: Над четири милиони заболени, 175.000 починати

Повеќе од четири милиони случаи на Ковид-19 и скоро 175.000 смртни случаи се потврдени во земјите од Латинска Америка и Карибите до средата. Имено, потврдени се вкупно 4.026.527 случаи на Ковид-19 во 33 земји во регионот. Починале 173.398 лица.

Во Бразил, потврдени се 67.860 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број на заразени е на 22.25.514. Бројот на починати е поголем за 1.284 и сега изнесува 82.771, пренесува Ројтерс.

Мексиканското Министерство за здравство објави дека во таа земја се потврдени уште 6.019 случаи на коронавирус и дека од Ковид-19 починале уште 790 луѓе. Во Мексико се заразени вкупно 362,274 лица, а од почетокот на епидемијата починале 41.190 луѓе, пренесува Ројтерс.

Владата претходно соопшти дека вистинскиот број на заразени е веројатно значително поголем од бројот на потврдени случаи. Мексико се најде на седмото место во светот по бројот на заразени, а на четвртото место по бројот на починати.

Претходниот ден во Аргентина, потврдени се 5.782 нови случаи на инфекција, додека во вторникот имало 5.344, ги пренесе „Си-Ен-Ен“ информациите од Министерството за здравство. Вкупниот број на потврдени случаи на коронавирус во Аргентина е 141.900. Уште 98 лица починаа во последните 24 часа, а вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата на Ковид-19 е 2.588 лица. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ