Најмалку 6.700 Рохинџи, вклучувајќи и 400 деца, се убиени во првите неколку месеци по избивање на насилствата во Мјанмар во август, соопшти организацијата „Лекари без граници“. Овој број е значително повисок од официјалниот број од 400 жртви кој го објавија властите во Мјанмар.
„Лекари без граници“ наведуваат дека ова е најјасниот показател за степенот на насилство кој го вршат властите во Мјанмар. Оваа организација прецизираше дека повеќе од 647.000 Рохинџи пребегале во соседен Бангладеш од август.
Во извештајот се наведува дека најмалку 9.000 припадници на оваа заедница во Мјанмар биле убиени од 25 август до 24 септември. Властите тврдат дека повеќето од вкупно 400 жртви се муслимански терористи. Армијата започна голема операција во предградието на Мјанмар, откако локалните милитанти спроведоа серија напади врз воени и полициски позиции.