среда, декември 25, 2024
домаКујнаЛесна постапка за чистење загорени садови: Ќе изгледаат како нови со една...

Лесна постапка за чистење загорени садови: Ќе изгледаат како нови со една состојка!

Загорените остатоци од храна од тавите за печење никогаш не се отстрануваат лесно и колку и да сте претпазливи, ќе останат дамки. Со оваа лесна постапка ќе имате садови кои ќе изгледаат како нови.

Наполнете ги садовите за печење со врела вода до врвот и оставете ги да стојат неколку минути. Потоа истурете ја водата, но не сушете го садот. Наместо тоа, посипете го дното со сода бикарбона, особено остатоците или изгорените делови од ручекот.

Потоа додадете сол над сода бикарбоната, идеално крупна морска сол. Во шише со распрскувач ставете бел или јаболков оцет и попрскајте го садот со него.

Ќе забележите меурчиња, што значи дека започнува чистењето. Истријте го садот со влажен сунѓер и по пет до 10 минути добро исплакнете го садот. Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ