сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотЗдравјеЛесно препознајте дали свежата зелка е полна со хемикалии

Лесно препознајте дали свежата зелка е полна со хемикалии

Полека почнуваат подготовките на разни видови зимници и многумина планираат да купат зелка. Но, како да препознаете да главицата зелка била третирана со потенцијално штетни хемикалии?

Купувањето зеленчук и овошје во овој период со себе носи и еден здравствен ризик, а тоа се зголемени количини на нитрати, наведува „Крстарица“.

Нитратите се хемиски соединенија кои се додаваат во овошјето и зеленчукот со цел овошјето да созрее што е можно побрзо. Проблемот настанува кога оваа хемикалија ќе навлезе во храната бидејќи тогаш станува опасна по здравјето.

Кај младата зелка, нитратите најмногу се акумулираат во коренот и површинските листови, а најмалку во средината на главицата. Затоа експертите апелираат да не го јадете коренот, кој многумина сакаат да го грицкаат кога ќе ја „издлабат“ главицата пред да ја стават во буре за да ја киселат. Ако готвите слатка зелка, не заборавајте да ги фрлите надворешните листови бидејќи најверојатно содржат нитрати.

Опасни количини на нитрати

Според препораките на Светската здравствена организација, „безбедниот“ внес на нитрати е пет мг на килограм телесна тежина дневно.

Значи, за човек кој има 60 кг нема да биде проблем ако изеде 300 мг нитрати, што е приближно 400 г свежа зелка. Ако ги отстраните коренот и површинските лисја, количината на нитрати по грам зелка се намалува.

Сепак, експертите забележуваат дека нема причина за загриженост, бидејќи не се сите главици зелка „третирани со хемикалии“. Едноставно треба да се внимава со главиците кои се хранети со органски и минерални ѓубрива за да растат побрзо и да бидат поголеми.

Како да се избере најдобрата зелка?

При изборот на зелка, мора да обрнете внимание на нејзиниот мирис и изглед. Зеленчукот треба да мириса токму така – како зелка.

Надворешните листови на зеленчукот мора да бидат недопрени, без оштетувања, карактеристична форма и боја (бела, зелена или виолетова). Надворешните листови не смеат да се исушени, а кај бели и виолетови сорти овие листови треба да „блескаат“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ