Летните Олимписки игри во Париз 2024 година претставуваат еден од најзначајните спортски настани на светот, обединувајќи спортисти од целиот свет во духот на натпреварувањето, пријателството и мирот. Олимпизмот, како филозофија на животот, не е само за спорт и физичка подготвеност, тоа е и за културно и морално богатство, обединување на луѓето преку разбирање и почитување, и промовирање на мирниот соживот меѓу народите.
Олимписките игри се настан каде што најдобрите спортисти од сите краеви на светот се натпреваруваат за врвни признанија, но истовремено се промовираат и универзалните вредности на олимпизмот: совршенство, пријателство и почитување. Олимпизмот ја потсетува светската заедница дека натпреварувањето е повеќе од борба за медали; тоа е патување кон личен и колективен развој, каде што е важно да се учествува, да се биде дел од глобалната заедница и да се промовира мир и единство.
На Олимписките игри во Париз, очекувањата се високи, со учество на повеќе од 10.500 спортисти од над 200 земји. Спортистите се натпреваруваат во 33 различни спортови, борејќи се за над 300 комплети медали. До овој момент, најголем број на медали освоија репрезентации на САД, Кина, Велика Британија, кои традиционално доминираат во бројот на освоени медали.
Постигнувањата на репрезентативците од Македонија, Србија, Албанија и Хрватска, различно се рангираат, но и имаат различни стартни позиции.
Македонската репрезентација на Олимписките игри во Париз ги претставува надежите и амбициите на една млада нација која се стреми кон поголеми успеси на меѓународната спортска сцена. Со ограничени ресурси, но со огромна страст, македонските спортисти покажаа дека се подготвени да се борат против најдобрите во светот. Во некои спортови, како што се борењето и атлетиката, Македонија има традиција и високи очекувања. Најзабележителните резултати доаѓаат токму од овие дисциплини, каде македонските репрезентативци го даваат својот максимум за да ги постигнат своите олимписки соништа. Не може а да не се спомне успехот на Дарио Ивановски кој го истрча првиот маратон за Македонија на едни ОИ.
Српската репрезентација е една од најсилните во регионот, со значителен успех во повеќе дисциплини. Во Париз, Србија продолжува со својата доминација во спортови како кошарка, ватерполо и тенис, каде што веќе има изградено респектабилна традиција. Српските кошаркари и ватерполисти се помеѓу фаворитите за медали, додека тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ, како и секогаш, беше во центарот на вниманието, особено по освојувањето на единствениот медал кој му недостасуваше- олимпиското злато. Србија продолжува да демонстрира висок квалитет во колективните спортови, но и во индивидуалните дисциплини, обезбедувајќи место на победничкиот пиедестал.
Албанија, иако не е една од најголемите нации во спортски смисол, на Олимписките игри во Париз ја докажува својата посветеност и упорност. Репрезентативците на Албанија, особено во боречки спортови како боксот и џудото, се истакнуваат со своите настапи. Иако Албанија не може да се пофали со многу медали, нивните спортисти секако оставаат впечаток со својата борбеност и желба да го дадат најдоброто од себе. Албанија го освои својот прв олимписки медал кога увезениот руски борач, Чермен Валиев, постигна бронза во борење до 74 килограми во слободен стил за мажи.
Хрватска, пак, е нација со богата спортска историја, особено во спортови како ватерполо, тенис и атлетика. Во Париз, хрватските репрезентативци настапуваат со високи амбиции, особено во ватерполо, каде што се сметаат за сериозни кандидати за медал, а за кој ќе се борат денес во финалето против Србија. Хрватската тениска сцена исто така е силна, со неколку тенисери кои се надеваа на висок пласман, иако само Дона Векиќ ги израдува со бронза. Хрватските спортисти во повеќе дисциплини успеваат да ја претстават својата земја на највисоко ниво, продолжувајќи ја традицијата на успех на олимписките игри.
Во овој глобален контекст, репрезентативците од Балканот ја продолжуваат својата борба за место на победничкиот пиедестал, носејќи надежи и амбиции на своите нации. Тие се инспирирани од олимпизмот, кој ги поттикнува не само да се борат за медали, туку и да бидат амбасадори на мирот, почитувањето и пријателството. Броејки ситно до спуштањето на олимписката завеса, Летните Олимписки игри во Париз 2024 година ја покажуваат разноликоста и спортскиот дух на сите спортисти,
Ф.С.