четврток, септември 19, 2024
домаЖивотСценаЛИДИЈА ПАСКОВА: Едвај чекам публиката да ги слушне нашите нови миксови! 

ЛИДИЈА ПАСКОВА: Едвај чекам публиката да ги слушне нашите нови миксови! 

Валентина Ѓоргиевска Парго 
*Лидија Паскова, бесно и темпераментно човече” и шест музичари околу неа. За многу малку Снежана и седумте музичари, овој пат во бендот “Ориентал бенд”. Лидија, Ви благодарам што се изначекавте едно добри 5-6 години од моментот кога го договоривме ова интервју. Во меѓувреме, се случи многу ваша музика, но Вие си останавте иста, уникатна и своја. Најпрво како сте? 
– Добра сум, и во ова време на време на пандемија, го користам секој момент да го поминам со синчето, сопругот, фамилија и сите кои ми се блиски се разбира со примена на ковид мерки, малку да се пошегуваме. И, сега ми е шанса да им надоместам за пропуштеното. А дека сум “темпераментно човече”, одлична констатација, понекогаш ни јас самата не можам да се справам со таа моја енергија и се обидувам да ја потрошам на трчање, но верувајте после трчање имам пет пати повеќе енергија (се смее).
*Убаво прашање се наметна, како мајка на преслатко мало детенце, како ви поминува времето сега, што му пеете на увце, на што се радува? 
-Ме радува фактот што моето синче ја чувствува ја сака музиката. Заедно пееме и играме. Кога јас учам некоја песна ја учиме заедно. Не слушаме само детски песнички, слушаме народно, забавно, се си слушаме.
*Како бенд постоите речиси 10 години. Кои членови го сочинуваат “Ориентал бенд”?
-Дафов Никола, Благој Глушков, Горан Биков, Сашко Настов, Ване Бивов, Далибор Ефтимовски, и јас, таа кога што најмногу додева, ха-ха-ха.
*Настапувавте на “Охрид фест”, “Валандово”, “Роса” . Имавме свои авторски песни. За која публика се наменети претежно тие песни?
– Да, имаме неколку авторски песни, па може слободно да кажам повеќе од еден албум, песни кои се наменети за љубителите на македонската народна музика.
*Но, последната што ја снимивте беше нешто сосема различно од сето она што десега сте го снимиле, една убава јака рокерска песна. Се зборува дека текстот е инспириран од Вас? Добро сум известена?
-Да точно така, јас бев инспирацијата ,а бидејќи Никола Дафон многу добро ме познава го напиша баш за мене. Ете, си имам и јас песна за мене.
*За “Ориентал бенд”  би рекла интересен и повеќенаменски, за на свадби, за на клупска снимка, за во диско, за на фестивал, за на сцена. Нешто како оркестрите на Бреговиќ, за што сакаш …. Кавадарци, дефинитивно пее со вас. 
-Секогаш гледаме да сме во тек со се што е ново и актуелно било тоа да е народно забавно, странско или домашно. Сакаме во нашиот репертоар да имаме песни за сите генерации и сечиј вкус.
*“Ние поистоиме за таа публика. Мене лично таа љубов што ја примам од публиката ми ја полни душата, па кога пееме сите заедно, ах, тоа е чудесно… Нема збор што може да ја опише таа емоција”, ова се ваши ЗБОРОВИ. 
-Па да навистина е така. Еве повторно ги повторувам. Таа нивна љубов е огромна, незаменлива исклучителна потребна искрена.
*Како се снајдовте за време на пандемијата? И финансиски и музички. Снимивте ли нешто, за понатака? 
-Да. Нас навистина ни требаше оваа пауза од работа, иако финансиски тоа е непожелно, нели. Се сконцентриравме на проби видовме што колку сакаме и можеме, направивме 5- 6 наши миксови и со душа чекаме да почнеме и да и го подариме тоа на нашата публика.
*Сопругот музичар е, да не свири со вас во бендот? Привилегија е да се има шестмина музичари околу себе, но како млада и атрактивна пејачка, сте размислиле ли и за соло настап? 
-Ха-ха, не сме во ист бенд со сопругот, неговата работа е многу поразлична од мојата кога јас завршувам, тој почнува. Моите колеги се одлични музичари и со тоа да се работи со нив е многу лесно. 
*Која е вашата желба, за деновите кога ќе се вратиме во нормала, се надевам час поскоро.
-Јас отсекогаш сум многу голем оптимист и секогаш сум насмеана и позитивна. Морам да ви признаам дека цела ова ситуација тешко ми падна. Сакам да гледам среќни и насмеани лица, сакам сите да се радосни и весели, да пеат и да се смеат. Кога почна сето ова се изначитав и изнаслушав секакви вести, но веќе не сакам да слушам тажни работи. Се молам на Господ да заврши ова што поскоро, да не гледам повеќе околу мене уплашени и повлечени луѓе во себе. Тоа сакам. Сите да сме среќни весели, здрави, живи.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ