недела, ноември 17, 2024
домаКУЛТУРАMузика, Опера, БалетМагичниот глас на тенорот Мачадо одекна под сводовите на „Света Софија“

Магичниот глас на тенорот Мачадо одекна под сводовите на „Света Софија“

„Петте популарни песни“  создадени од композиторот Карлос Лопез Бучардо, „Петте популарни аргентински песни“ од Алберто Гинастера, како и „Триптихот од Кубанска поезија“ од Модеста Бар и „Есенските песни“ на Антонио Естевес прозвучија магично со прекрасниот глас  на тенорот Акилес Мачадо кој вчеравечер настапи во црквата „Света Софија“ во пијано придружба на македонскиот пијанист Адреја Наунов.

Концертот се одржа во рамки на традиционалната Шпанска вечер на фестивалот „Охридско лето“  што се организира со поддршка на Амбасадата на Кралството Шпанија.

–  Долги години работиме со фестивалот „Охридско лето“ и големо е задоволството да се има Шпанска вечер на еден ваков меѓународно-реномиран фестивал. Годинава преку програмата беше прикажана мешавина од латиноамериканска и шпанска култура, истакна заменик-амбасадорката во Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава, Ана Грациа Гајего.

Роден во Баркисимето (Венецуела), тенорот Мачадо започнува да учи музика на Конзерваториумот „Висенте Емилио Сохо“. Студирал во класата на професорот Вилиам Алварадо на Конзерваториумот „Симон Боливар“ во Каракас. Откако се сели во Шпанија, благодарение на стипендијата од Шпанската национална банка и Фондацијата „Моцартеум“ од Венецуала, Мачадо студира на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во класата на Алфредо Краус. Во 1996 дебитира на оперската сцена во Каракас со „Љубовен напиток“, а истата година го има и Европското деби во „Магбет“ во театарот на Канарските острови. Неговата кариера е во постојан подем со настапи во најпознатите оперски куќи.

Пијанистот Андреја Наунов кој го придружуваше  тенорот Акилес Мачадо е добитниĸ на државни награди по ĸамерна музиĸа и пијано, а има остварено и бројни солистичĸи рецитали, настапи со Маĸедоснĸата Филхармонија и орĸестарот на Маĸедоснĸата Опера и Балет.Меѓу неговите позначајни настапи се и турнеите со пијанистот и негов професор Симон Трпчесĸи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ