Александра Кировска вечерва го одржа својот концерт во културниот дом Билјана Беличанец во Кисела Вода, со репертоар кој го обедини класичниот и модерниот стил на гитарата. Во првиот дел од настапот, Кировска ја импресионираше публиката со изведби на класици од автори како Олег Копенков, Едуардо Диаз и Розен Балкански, кои беа изведени со прецизност и емотивност, покажувајќи зрелост и техника која е над нејзината возраст.
Дополнителен елемент на концертот беше нејзиното претставување на електрична гитара, со аранжман во нејзина интерпретација. Овој сегмент ја донесе свежината и иновативноста на Кировска и потврди дека таа е подготвена да експериментира и да го проширува својот музички израз. Концертот ја зацврсти нејзината позиција како една од најперспективните млади гитаристки на македонската сцена.
Н.Д.



