сабота, ноември 16, 2024
дома„Мајка“ прикажан и на „Интернационалниот фестивал за документарен филм“ во Скопје

„Мајка“ прикажан и на „Интернационалниот фестивал за документарен филм“ во Скопје

Во свечениот амфитеатар на Универзитетот ФОН деновиве се одржа македонското ревијално издание на „Интернационалниот фестивал за документарен филм“. Оваа година темата беше „Мајка“, а фестивалот беше под покровителство на Асоцијацијата на новинари од турско говорно подрајче и Асоцијација на филмски фестивали за документарен филм од турско говорно подрачје на Република Турција.

Беа прикажани осум кракометражни документарни филмови изработени од Универзитети од шест земји. Претседателот на филмскиот совет Мендерез Демир и претставници од Асоцијациите, доделија признанија за најзаслужните за фестивалот.

Македонија ја претставуваше филмот „Мајка“, документарен филм со кој ФОН неодамна учествуваше и на четвртиот „Интернационален фестивал на документарен филм“ во Истанбул. Снимен е во штипското село Прналија. Семејството на јуручката мајка, госпоѓа Сабер Реџеп, ширум ги отвори портите на својот дом за екипата на овој филм и, пред камерата ги доближи старите турски обичаи, запазениот архаичен османлиски дијалект и кујна од 14 век на луѓето кои се познати на историјата на цивилизациите како „евлади фатихан“, што во превод од турски јазик, значело „деца на освојувачот“.

Режисер на филмот е Игор Шокаровски, директор на фотографија е снимателот Марко Најдановски, а организатор Тони Најдевски. Нејзините четири деца, на свеченоста од Фон добија и стипендии за студирање, кога ќе станат студенти.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ